Екипата на Пелистер ја продолжи победничката серија во Првата македонска кошаркарска лига, триумфирајќи вечерва на гостински терен кај Гостивар со 100:80, додека кошаркарите на ФМП Академија со пресврт во последната четвртина го совладаа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 85:73.
Екипата на ТФТ Скопје лесно го совлада Вардар со 94:71, додека претходно во првиот меч од 17. коло, Еуро Никел 2005 стигна до убедлива победа против ослабениот состав на Црн Дрим Грин мобиле со 111:74.
Вечерва играат уште Куманово и Работнички, а колото ќе биде комплетирано в недела со натпреварот меѓу МЗТ Скопје Уни Банка и Кожув.