Скопската зоолошка градина заедно со Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи – Скопје заеднички го спроведе првиот дел од едукативната кампања „Остани безбеден“.
-Овој викенд започнавме со превентивни активности како составен дел на редовното полициско работење кое се заснова на партнерство помеѓу полицијата, локалните самоуправи и граѓаните. На влезот во градината беа поделени заштитни маски на посетителите, а нашите пријатели полицајци ни помогнаа и во едукација за придржување кон кодексот на однесување на посетителите кој е пропишан од Скопје Зоо – Да не се хранат и вознемируваат животните, да се носи маска и да се одржува дистанца, соопшти Скопје Зоо.