Новите услови за живот го сменија секојдневието, па поради пандемијата, луѓето и сѐ повеќе време минуваат во своите домови пред екраните на паметните телефони, компјутерите и телевизорите. Сепак, ова не е добро, особено за деца на рана возраст.

Како што пишува „Кликс“, последново десетлетие се појави нов поим во психотерапевтската терминологија – тн. „екранизам“, кој е поврзан со негативното влијание на екранот врз мозокот, особено кај малите деца. Гледањето во екран е директно и индиректно поврзано со неврокогнитивниот развој на децата.

Ако вашето дете не прифаќа соработка и одбива да престане да користи мобилни телефони и други паметни уреди, ова секако е аларм и прв симптом на оваа состојба кај детето.

Исто така, еден од знаците е отсуството и слабата концентрација за одредени активности. Децата, исто така, се префрлаат од една во друга активност, без претходно да го завршат започнатото.

„Екранизмот“, според стручњаците, може да се претвори во социјално нарушување, бидејќи децата одбиваат да комуницираат со околината поради прекумерната употреба на технологијата. Навременото дејствување е многу важно за детето да има правилен раст и развој. Тоа, особено кај деца под три години. За родителите е важно навремено да забележат промени кај своето дете и да побараат помош.

– Научниците од невропедијатарската област наведуваат дека децата до тригодишна возраст никако не смеат да бидат изложени на екрани, од 3 до 6 години – само половина час, а децата од училишна возраст што помалку да користат екрани при пасивно гледање (Фејсбук, Инстаграм, ТВ итн.). Треба да минат најмногу еден час на ден играјќи игри. Работата на компјутер, како што се часовите на далечина, е активност насочена во корист на умствената работа преку интеракција, така што тоа не спаѓа во опасности од екранизам, објаснува психотерапевтката Анкица Баковиќ од БиХ.

Според психолозите, еден од главните проблеми, е тоа што родителите несвесно ги изложуваат своите деца на опасности без јасен увид во тоа каков проблем во психичкото здравје на детето можат да создадат тие.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2021 15:10