Во многу животозагрозувачки ситуации во случај на тешка сообраќајка и други несреќи и катастрофи, и итни и тешки операции, а за да се спаси нечиј живот потребна се ќеси со крв, дадени од некој крводарител, кој е личност со големо и хумано срце , кој самоиницијативно и несебично ја подал својата рака на човечност да дарува дел од својата драгоцена течност – крвтта да спаси нечиј живот во опасност.
Седумнаесети март е Денот на Црвениот крст на РС Македонија и Ден на крводарителството, ден пред празникот ОО на Црвен крст во Велес врачи признанија на крводарителите кои во 2019 и 2020 година достигнаа јубилејни 50, 75 и 100 дарувања. Се доделуваат и за 2019 година бидејќи минатата година во март поради започнување на пандемијата не беа врачен признанијата.Токму поради пандемијата со Ковид- 19 и оваа година како и лани не се одржа традицонална свечена манифестација на сцената во театарот, без обраќања на првите луѓе на Црвениот крст со културно уметничка програма и свечено врачување на наградите и признанијата на најдобрите крводарители и основни организации. За да се избегне групирање крводарителите беа повикани да доаѓаат во просториите на Општинскиот Црвен крст во Велес етапно по 10-мина на час.
Орце Николов секретар на ООЦК Велес за МИА, информира дека годинава се одлучиле на вакво скромно одбележување на празникот поради епидемиолошките мерки и заштитата на јавното здравје, а сепак да им оддадат признание и ги наградат за нивната хуманост.
Тој потенцира дека Црвен крст на РС Македонија и тие како ООЦК им изразуваат огромна благодарност за големата хуманост на најхуманите меѓу хуманите на тие кои по 100, 75 и 50-ти пат даруваа крв и на сите крводарители кои и во изминатите две години и од почетокот на оваа 2021 повторно и повторно даруваат и придонесуваат за успех на акциите за доброволно дарување на крв кои тие ги организираат.
Посебна благодарност им искажуваат на Звонко Карталов, Ѓоре Петков, Ацо Давчевски и Милан Николов кои по 100-ти пат дарувале крв. На Ацо Думовски, Драган Ивановски, Јоце Алексовски, Ангел Леов, Борко Дејанов, Миланчо Митревски и Стефан Нацев за 75 дарувања на крв. Како и на 30 крводарители за 50 патти дарувана крв.
Како компанија која го поддржува крводарителство благодарница доби Marquardt Македонија, ПОУ „Маца Овчарова” од Велес и Основната организација на Црвен крст од Градско. Васко Трајковски е награден со благодарница за мотиватор за крводарителство.
Секоја година има нови крводарители
Орце Николов информира дека секоја година во Друштвото на крводарители на ООЦК Велес влегуваат нови членови, а кои првпат дарувале крв. Меѓу нив има и многу средношколци студенти и млади работници од сите професии и занимања.
-Во текот на 2019 година таа бројка во Велес, заедно со Градско и Чашка е 507 нови крводарители, а лани во 2020 година биле само 286 нови крводарители, бидејќи поради пандемијата со Ковид-19 изостанаа традиционалните акции за крводарување меѓу средношколците, појасни Николов.
Како станале крводарители и што е тоа што ги мотивира на хуманост да даруваат крв
Кире Димов од Црвениот крст доби признание за 50 пати дарувана крв, а во меѓувреме во изминатите месеци дарувал уште трипати или вкупно 53 пати, горд и среќен е на ова високо признание.
Во разговорот за МИА вели дека првпат дарувал како средношколец во Економска на неполни 18 години а денес има 37. Истакнува дека има голема желба да стигне до 100 крводарувања, само здравјето да го служи.
За него поттик и мотиватор да биде крводарител е неговиот татко, кој, исто така, е повеќекратен крводарител и хуман човек.
-Ме мотивира мојот татко и неговата хуманост. Тој исто е повеќекратен крводарител и има добиено повеќе признанија за крводарување. Ќе одам и понатаму и сакам да достигнам бројка од 100 крводарувања, само здравјето да ме служи, затоа што тоа е најважно за да можеш да даруваш крв потенцира Кире, кој со гордост ги покажува значките за дарувана крв, па и онаа од Катар каде два-три пати дарувал крв, каде пред неколку години престојувал и работел.
Тој е од ретката крвна група нулта позитив и за себе вели дека затоа е позитивен и хуман, ведар и насмеан и секогаш подготвен да дари некому крв ако итно затреба при некоја несреќа. Вели дека е пресреќен ако неговата крв на многумина им го спасила животот во опасност.
-Покрај помошта и хуманоста да се биде крводарител значи да се биде здрав човек во здраво тело, здрав дух, да се биде ведар и позитивен на животот. Само таков здрав и ведар човек може да биде хуман и да мисли и за другите и да дарува дел од својата крв да спаси нечиј живот. Ако се сака се може да се постигне во животот, а да се биде повеќекратен успешен крводарител – да се биде човечен и да се дарува крв да се спаси нечиј живот, за мене е еден од поголемите успеси во животот, потенцира Кире со ведра насмевка и задоволство од тоа што тој го постигнал на тој план.
Јованче Митровски исто така доби признание за 50 пати дарувана крв. Вели дека е среќен и горд на признанието и ќе продолжи да дарува и понатаму. Сега 60-годишниот Јаванче се присетува дека првпат дарувал во далечната 1979 година како средношколец во ГУЦ „Здравко Цветковски” во Скопје.
-Мислам дека сите луѓе кои се здрави, треба да бидат хумани и да даруваат крв.Тоа е граѓанска должност да им помогнеме на оние на кои им е неопходна нашата крв за да се спасат животи, потенцира Јованче.
Има А позитив крвна група и вели дека е спремен во секое време ако некому итно во животна опасност притреба неговата крв, веднаш ќе дарува за да се спаси нечиј живот.
Јубилејно признание за 50 пати дарувана крв доби и 47-годишниот Маријанчо Гурбански од село Лозово.Тој вели дека во меѓувреме дарувал 53, а планира да дарува и по 54-ти пат на денешната акција за крводарување што ја организира ООЦК Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
-Првпат дарував крв во 2004 година во редовите на Армијата како професионален војник. Да се стане крводарител е гордост за секој припадник на Армијата е голема и гордост за секој човек.Оттогаш се почн и трае до ден денес со редовно учество на сите акции за крводарување, а планирам и понатаму да дарувам крв. За мене самата помисла дека со мојата дарувана крв ќе се спаси нечиј живечки живот е нешто многу возвишено за секој човек, потенцира Маријанчо кој има АБ позитивна крвна група.
Тој вели дека секогаш ако затреба неговата крвна група на некој во живозагрозувачка состојба е спремен веднаш да дарува дел од својата крв за да го спаси.
Велешките крводарители со години се на пиедесталот на најхумани според реализираниот план за крводарување во земјава
Како што информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес, ООЦК на планот на крводарителството во 2020 зацртаниот план за крводарување од 1861 крвна единица го натфрлиле за 182,95 проценти со собрани 3390 крвни единици и се на второто место во земјава .Тие заостануваат за минимални 0,8 проценти зад ООЦК Виница која е прва во земјава.
Инаку ООЦК Велес беше прворангирана на планот на крводарувањето во 2018 и 2019 година и претхдно уште многу години наназад.
-Крводарителите како и сите граѓани во услови на пандемија на Ковид-19 се загрижени за своето здравје, сепак и понатаму останаа хумани да одлучат дојдат на нашите акции за доброволно дарување крв, да ја подадат својата рака и да даруваат дел од својата драгоцена течност крвтта која значи да се спаси нечиј живот во опасност. Тие тоа го потврдија и докажаа на дело и во вакви вонредни услови на пандемија, натфрлајќи го годишниот план за крводарување, затоа им искажуваме голема благодарност, потенцира Николов.
Инаку по повод 17 март Денот на крводарувањето и Ден на Црвениот крст, денеска 17 март од 9 до 15 часот во Ликовниот салон во Велес, ООЦК Велес и медицински екипи на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје реализираат уште една од многуте успешни акција за доброволно дарување крв.