Ракометните дуели со Металопластика се тешки, а таков беше и последниот натпревар во Битола, изјави тренерот на РК Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ во пресрет на претстојниот натпревар што ќе се одигра утре во Шабац.

Битолчани утре во рамки на ракометната СЕХА лига ќе се обидат со искуство од претходните средби да обезбедат поволен резултат.

– Се сеќавам на натпреварот во Битола против Металопластика, бидејќи беше тежок дуел. Беше последен натпревар во тој дел од првенството и беше психолошко оптоварување за играчите. Имавме проблеми во првиот дел, губевме и „ловевме“ резултат, а во вториот дел пронајдовме баланс и со индивидуални потези на некои играчи создадовме предност и извојувавме победа во еден тежок и квалитетен натпревар. Сега малку е поинаку за разлика од претходните години и на тоа мора да гледаме како на предизвик. Но, и јас како тренер треба да бидам подобар од претходно, треба да направам добар план, ротација и стратегија и да ги распоредиме силите за овој натпревар и за тоа што ни следи во март и април на ракометната сцена, посочи Бабиќ.

Средбата меѓу Металопастика и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 17 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2021 15:38