По повод 17 март, Денот на формирање на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството, Црвениот крст донираше медицински средства и опрема за ковид-центрите на Интерните клиники во Скопје.

Донацијата, што се реализра преку Црвениот крст на Град Скопје, се состои од 7.000 маски, 5.000 комплети ракавици, 400 визири, 900 литри средства за дезинфекција, 500 парчиња гел за сува дезинфекција, 400 литри дензинтал и 400 кебиња.

Целта на донацијата, се вели во соопштението на Црвениот крст на Град Скопје, е директна поддршка на персоналот од овие клиники, како и олеснување при справување со Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2021 17:10