Ракометарите на Вардар 1961 попладнево загубија на гостувањето кај хрватскиот тим Нексе со 36:32 (15:14) во рамки на четвртото коло во регионалната СЕХА лига.

Натпреварот во Нашице беше резултатски изедначен до 43-та минута, кога хрватскиот тим со серија од 6:1 поведе со 28:23, задржувајќи ја предноста до крајот на натпреварот.

Најефикасен во македонскиот состав беше Тимур Дибиров со девет голови, а голманот Борко Ристовски запиша осум интервенции.

Актуелниот македонски првак со ефект од две победи и два порази е третопласиран на табелата во групата Б со шест бодови.

Следниот натпревар во СЕХА лигата ракометарите на Вардар ќе го играат веќе в петок на домашен терен против украински Мотор.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2021 21:29