Зимската служба и работниците задолжени за одржување на хигиената на Општина Центар го расчистуваат снегот на улиците што се под општинска надлежност, како и велосипедските и пешачките патеки, тротоари и останатите јавни површини, информира Општина Центар.

По обилните врнежи на снег што го зафатија Скопје изминатото деноноќие, службите се на терен и се расчистува снежната покривка.

– Општинските служби во текот на ноќта и утринава со четири специјални зимски возила го расчистуваа наврнатиот снег, пробиваа продори и фрлаат сол на сите критични сообраќајни точки во општината, особено во подножјето на планината Водно, велат од Општината.

Од Општина Центар посочија дека во координација со градските служби, со регулирањето на снегот на улиците ќе се продолжи и денеска, доколку има потреба и во текот на вечерните часови, со цел на граѓаните да им се овозможи непречено и безбедно движење низ општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2021 12:49