Во текот на ноќта општинските служби работеа на расчистување на снегот на сите високи зони во Ѓорче Петров. Се чистеше по главниот пат кој води кон Кучково, по патот кон Орман и кон Никиштани.
Со помош на механизација исчистен е и надвозникот во Даме Груев кој е критична точка по интензивни снежни врнежи како вчерашните.
Истурени се вкупно 12 тони сол на сите места.
Поради влажноста и тежината на снегот, на повеќе локации во општината има скршени гранки и оштетени дрвја. Комуналната служба во текот на денот го расчистува теренот, а се работи и на ослободување на тротоарите.
Досега не се пријавени материјални штети. Сите патишта низ Ѓорче Петров се проодни.