Водата во Скопје изминатата недела била исправна и безбедна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Од претпријатието дополнуваат дека Секторот за санитарна контрола, од 15 до 19 март, земал 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од 47 мерни места во Градот Скопје, кои, согласно добиените резултати од испитувањата, одговарале на Правилникот барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2021 14:44