Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ е во преговори за купување на социјалната мрежа „Дискорд“, за 10 милијарди долари, објави „Блумберг“.

Според извори запознати со преговорите за зделката, „Дискорд“ разговара и со други потенцијални купувачи, но сè уште не е потпишан договор. Постои и мислење дека компанијата е поверојатно да излезе сама на пазарот и во јавноста, отколку да биде продадена.

Главно, разговорите меѓу „Дискорд“ и „Мајкрософт“, досега биле околу проценката на интересот на компанијата. Преговорите со социјалната мрежа ги води Фил Спенсер, шеф на одделот „Икс-бокс“ во „Мајкрософт“, што развива конзоли за игри.

Создадена 2015 година, социјалната мрежа „Дискорд“ е замислена како платформа за гејмери ​​и во мигов има над 100 милиони активни корисници месечно.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2021 14:48