Добитникот на Златен глобус и еднаш номиниран за Оскар, американски глумец Џорџ Сегал почина на 87-годишна возраст. Тажната вест ја соопшти неговата сопруга Соња Сегал за холивудското списание „Дедлајн“.

Сегал, кој беше номиниран за Оскар за „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (1966), почина во Санта Роса, Калифорнија, САД, по компликации при поставување бајпас.

Роден е на 17 февруари 1934 година во мал град во сојузната држава Њујорк. Студирал глума и почнал со мали улоги во претстави на Бродвеј. Меѓу пооследните негови улоги беше дедо Алберт „Попс“ Соломон во телевизиската серија на АБЦ – „Голдбергови“, аа претходната неговата кариера ја одбележаа главни улоги во „Бувот и мачката“ (1970) со Барбра Стрејсенд, „Војвотката и валканиот лисец“ (1976) со Голди Хоун и „Забава со Дик и Џејн “(1977) каде што глумеше покрај Џејн Фонда.

Сегал ја освои наградата „Златен глобус“ за улогата во „Еден допир со стил“ (1973), каде што глумеше заедно со Гленда Џексон.

„Денес изгубивме легенда“, напиша неговиот долгогодишен соработник Адам Голдберг, на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2021 11:23