Прекин на водоснабдувањето денеска од 09.30 часот имаат дел од корисниците од населба Кисела Вода.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека поради санирање на дефект на улица „Гандиева“ број 6а, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Гандиева“, „Бранко Заревски“, „Румена Хаџипанзова“, „Андреа Петковиќ“ и улица „Живко Фирфов“.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на активностите.

Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од улица „1“ во Долно Лисиче. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на приклучна цевка на наведената улица.

Корисниците ќе бидат без вода од 11:00 часот се до завршување на активностите.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2021 13:21