Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски организираше прием за ракометната судиска двојка Начевски – Николов, кои со долгогодишното меѓународно учество на сите светски, континентални и олимписки ракометни спектакли даваат свој придонес во ракометниот спорт.
Пет јуниорски и шест светски и европски сениорски првенства, три фајнел-фор завршници, куп на купови, ЕХФ купови и настап на две олимпијади, како и најава за трето учество на ОИ во Токио ги става Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во врвот на ракометниот судиски двојки кои ќе ја бранат честа на македонскиот ракомет на најважниот спортски настан.
-По тој повод директорот Наумче Мојсовски им додели благодарници за целокупниот досегашен ангажман, заблагодарувајќи им се за промоција на нашата земја во ракометниот свет, пред се затоа што С.Македонија можеби нема спортисти за олимписки медали, но сепак има олимпијци за големо финале, соопштија од АМС.