Двајца жители на Копачин Дол се приведени затоа што со возило се движеле во полицискиот час низ Тетово и со тоа ја прекршиле забраната за целосно движење на граѓаните од 22 до 05 часот.

-Две лица на возраст од 18 и 20 години од Копачин Дол се затекнати во временскиот интервал додека трае забраната за движење на граѓаните. Тие биле во возило марка „мерцедес“ и се движеле по булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Во текот на изминатото деноноќие полицијата изрекла казни и за непоспапување според член 6 од соодветната владина Уредба за неносење заштини маски. Изречени се глоби за 33 лица од тетовскиот регион.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2021 14:53