Денеска (25 март) околу 10.30 часот на улица „Боро Вулиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.Д.(48) од Тетово и Р.Н.(48) од тетовско Јажинце.
При извршен преглед кај нив бил пронајден хероин, кој О.Д. му го продавал на Р.Н..
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.