Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорот на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и постојниот претставник на УНДП Нарине Сахикјан денеска ќе го посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде ќе биде промовирана новата опрема во рамки на проектот дизајниран за решавање на загадувањето на воздухот во Скопје.
Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и спроведен од програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.