Почна промената на покривот на основното училиште „Ѓорче Петров“ во населбата Дексион, каде што настава следат 350 ученици. Општина Ѓорче Петров соопшти дека по 50 години се вадат азбестните плочи и се поставува нов енегретски ефикасен покрив на површина од 3660 квадратни метри.
Градежните работи треба да завршат за три месеци. Азбестните цементни плочи се отстрануваат со посебна процедура и потоа ќе бидат однесени во депонијата Дрисла. Со новиот енергетски ефикасен покрив ќе се заштеди енергија, ќе се намалат трошоците за загревање и ќе се обезбеди поволна клима за работа.
– Новиот покрив ќе обезбеди висок степен на енергетска ефикасност со што, конечно, ќе се реши прблемот со постојниот азбестен, кој директно влијае врз здравјето на децата и вработените во училиштето. Општина Ѓорче Петров во рамките на своите надлежности, посветува особено внимание за развој и непречено одвивање на воспитно-образованиот процес и преку Министерството за образование и наука успеа да донесе уште една капитална инвестиција на својата територија, информира Општината.