За непочитување на забраната за движење за време на полицискиот час синоќа, од 22 часот до утрово, до 5 часот има евидентирано седум лица, од кои пет во Велес и две во Кавадарци, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Ова се најмногу евидентирани за една ноќ, откако повторно е воведен полицискиот час,а вообичаено беа еден или двајца.
– Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, најави Додевски.