Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните низ парковите за нивно пуштање во функција. Се отстрануваат оштетените плочки и други дотраени делови од фонтаните и се заменуваат со нови, а се поставува и нова хидроизолација.
Деновиве се работи и на реконструкција на фонтаните во Паркот на езерата и паркот „Авионче“. Планирана е подготовка и на фонтаната „Тоше Проески“, фонтаната „Печурка“ кај игралиштет во Ново Лисиче, како и во паркот Јане Сандански.
Подготовките ќе течат и во наредните денови со што ќе бидат опфатени фонтаните во сите паркови во Општина Аеродром.
Општина Аеродром ги уредува хортикултурно и зелените површини, засадува нови садници и дрвја со цел жителите да уживаат во убаво уредени катчиња во пријатен амбиент во текот на пролетните и летните месеци.