Деветнаесет годишник со иницијали И.С од Скопје ноќеска во 00.30 часот во Полициска станица Центар пријавил дека синоќа околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.
Од МВР за МИА информираа дека лицата се повикани во полициска станица и е известен јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.