На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С..

Лицата се повикани во полициска станица и известен е Jавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Дел од медиумите пак, известија дека двајца од тепачите се синови на браќата Мијалкови, односно на на Сашо и Влатко Мијалков.

Од МВР за оваа информација немаше официјална потврда.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2021 01:53