Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречена е вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 82, шест санкции за возење без возачка дозвола, седум санкционирани мотоциклисти. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.