По документарецот „Фароу против Ален“, познатиот режисер Вуди Ален во интервју за Си-би-ес, проговори за наводите дека сексуално ја злоупотребил Дилан – посвоена ќерка на неговата поранешна партнерка Мија Фароу – кога таа била малолетна. Во документарниот филм во четири дела и самата Дилан сведочи за тоа.

– Верувам дека таа го мисли тоа. Беше добро дете. Не верувам дека измислува. Не верувам дека лаже. Верувам дека таа верува во тоа, вели Ален.

Ален никогаш не беше судски обвинет за сексуални злосторства и постојано порекнува дека несоодветно се однесувал со девојчето тогаш – пред 30-тина години. Режисерот и неговата подоцнежна сопруга, Сун-Ји Превин, која пак, неговата поранешна девојка Мија Фароу ја беше посвоила со нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Андре Превин, го опишаа „Ален против Фароу“ како измислица, критикувајќи го како „изделкана работа, преполна лаги”.

– Тоа беше толку безобразно, а сепак дамката останува. И, тие сè уште претпочитаат да се придржуваат, ако не на фактот дека сум ја злоупотребил Дилан, барем до можноста дека сум ја злоупотребил. Ништо што некогаш сум правел со Дилан во мојот живот не може да се сфати и опише како погрешно!, додава тој.

Според него, во обвинувањата на Мија и Дилан Фароу нема ништо логично.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2021 11:15