Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63, 15 санкции за возење без возачка дозвола, седум за непрописно престројување на возила.
Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас и 41 санкција за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.