Кавадарчанка на возраст од 55 години пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг (61 година) во текот на вчерашниот ден.
Случајот го пријавила вчера во 12 часот во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци.
За случајот денеска информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.