Малолетен пешак е тешко повреден на ул.„Ванчо Прке“ во Виница откако во него удрило патничко возило „ланд ровер“, со винички регистарски ознаки, управувано од С.М.(67) од село Градец.

Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 10.30 часот во Полициската станица Виница.

-Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирни во Клиничкиот центар Штип, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2021 13:13