СВР Тетово поднесе известување против Г.Ш.(16) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 23.01.2021 во семејниот дом, Г.Ш. физички ги нападнал неговиот помал брат и неговата мајка.
Откако на местото пристигнале полициски службеници, тој физички нападнал и полициски службеник.