Полицијата во Тетово ноќеска привела две лица поради прекршување на полицискиот час во период од 22 часот до 5 часот утринава. Приведен е еден тетовчанец и еден скопјанец.
– Тетовец на возраст од 27 години со возило „Фолксфаген Голф" со тетовски регистарски ознаки бил запрен во 22 часот и 50 минути на улица „Маршал Тито" во Тетово. Вториот, скопјанец на возраст од 44 години, бил лишен од слобода во 22 часот и 30 минути на улица „Страшо Пинџур" во Тетово. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствени прописи за враме на епидемија, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на 60 лица им се дадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.