ЕВН Македонија информира дека утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Бутел, Ѓорче Петров и Сопиште.
Од 9:00 – 12:00 часот без струја ќе биде дел од с. Ново Село, поточно делот од селото кон реката Вардар во општина Ѓорче Петров.
Без електрична енергија утре од 9:00 – 13:00 часот ќе биде местото наречено Боринарец во Радишани, улица „8“, наслебата Хот и Хот и околните објекти во општина Бутел.
Од 9:00 – 15:00 часот без струја ќе биде улица „1606“ – згради бр. 2, 6, 8, 10 и 12 (згради на БИС ОИЛ и фабрика Карпош) во општина Карпош и од 12:00 – 15:30 часот дел од с. Нова Брезница, поточно делот од двете страни на регионалниот пат кон Кула во општина Сопиште.