Ракометарите на Вардар 1961 се пред елиминација во Лигата на шампиони (ЛШ) откако вечерва во Скопје загубија убедливо од Веспрем со 41:27 (21:11) во првиот осминафинален натпревар против унгарскиот првак.

Веспрем го контролираше натпреварот од самиот почеток, констатно зголемувајќи ја предноста над инфериорниот Вардар, кој го одигра еден од своите најлоши натпревари.

Унгарците заминаа на полувреме со предност од 10 голови разлика, по што вториот дел беше формалност од резултатски аспект.

Најефикасен кај „црвено-црните“ беше Иван Чупиќ со девет голови.

Реваншот во Унгарија се игра на 8 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2021 00:18