Битолски Еурофарм Пелистер со пораз се враќа од Словачка откако вечерва во Прешов е совладан од домашниот СЕХА-претставник Татран со 32:28, полувреме 16:14.

Македонските ракометари иако беа фаворит во сенка, а најавија и изненадување сепак на крајот со наведнати глави го завршија натпреварот и спортски честитаа на Татран Прешов чии ракометари предводени од Паличка кој постигна 8 голови стигнаа до победата.

РК Еурофарм Пелистер и покрај поразот не го промени пласманот на табелата, битолчани остануваат второ пласирани, и со надеж дека може да го освојат и првото место во групата доколку во последното коло на домашен терен го совладаат Загреб ППД.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2021 01:30