Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, посочуваат резултатите од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.03.2021 до 02.04.2021 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење на ЈП Водовод и Канализација.

Секторот за санитарна контрола е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2021 12:43