Вакцинацијата против Ковид-19 во Берово доцни заради случаи на Ковид-19 во Здравствениот дом, поради што поголем дел од персоналот се уште е во изолација.

Како што информираа од Здравствениот дом во Берово, се прават напори вакцинацијата да започне наскоро.

-Очекуваме вакцинацијата да почне во најкус можен рок. Една од причините за доцнењето е тоа што во изминатиот период дел од нашите вработени во изминатиот период беа, и сеуште се во изолација поради случаи со Ковид-19 во установата поради што вакцинацијата во нашиот Здравствен дом се уште не е отпочната, истакнаа од Здравствен дом Берово.

Со кадарот со кој во моментов располага Здравствениот дом во Берово, приоритет им се дава на итните случаи, а организирањето на вакцинацијата како што додаваат во наредниот период ќе биде приоритет за надлежните.

Во меѓувреме матичните лекари на дел од пријавените пациенти од Берово преку „Мој термин”, вакцинацијата им ја закажале во Пехчево, при што според информациите од тамошниот Здравствен дом досега се вакцинирани 20 пациенти од Берово.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 10:48