По, според многумина – скандалозното интервју на британскиот принц Хари и Меган Маркл кај Опра и по губењето на своето работно место во „Ај-ти-ви“, водителот Пирс Морган во интервју за шоуто на Такер Карлсон првпат јавно проговори за тоа.

– Не ѝ верувам на Меган Маркл. Е сега, она што не го знаев и што беше „фасцинантно“, го открив откако заминав, а тоа е дека Меган Маркл вечерта меѓу понеделникот и вторникот (пред отказот), поднела лична жалба до шефот на „Ај-ти-ви“… Значи – јас бев под напад од „госпоѓица“ Маркл, директно кај мојот шеф и кај владиното Регулаторно тело… Под напад за да ја поддржам нејзината приказна за настаните. Морав да ѝ верувам, и ако не ѝ верувам – тогаш сум безобразен расист и треба да бидам осуден и на крај, како што и се покажа подоцна дента – да ја загубам работата. И мислам дека тоа е прилично опасна бездна, вели Морган.

Натаму, Морган истакнува дека веродостојноста на она што Маркл го говори, како и сомнежите околу тоа, може да се споредат со оние околу поранешниот американски претседател Доналд Трамп…

– Што значи тоа? Кога стигнавме до Вашата вистина? Ова е вид одбрана – нешто за кое би слушнале како либералите го напаѓаат Доналд Трамп, за повторно измислување факти, за создавање своја вистина. Но, кога Меган Маркл го прави тоа, истите либерали кои го нападнаа Доналд Трамп, навиваа за неа и ѝ ракоплескаа, велејќи: „Ова е нејзината вистина и мора да ѝ се верува! А пак, ако не ѝ веруваш, ти си расист.“ Е па, жал ми е, не сум расист. Јас, само, не ѝ верувам!, додава Морган.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 12:48