Во согласност со издадените мерки и најновите препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од денеска /06.04.2021 година, вторник/ ќе работат од 7:30 до 18:00 часот.

Во наредниот период во барака број 16 по 18 часот нема да се врши прием и издавање на документи.

Скратеното работно време ќе важи во следните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 13:41