На новопробиената улица „Новопроектирана“ 3 во Тафталиџе 1 денеска беа обележани хоризонтална и вертикална сигнализација. Општина Карпош информира дека се бележат пешачките премини, а се поставуваат и сообраќајни знаци, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

-Улицата е во должина од 142 метри и во широчина од девет метри и е меѓу пофреквентните сообраќајници во населбата. Сообраќајницата ги поврзува улица „Прашка“ и булеварот „Митрополит Т. Гологанов“, а во нејзина должина се изведува и велосипедска патека, велат од Општината.

Надлежните од Општина Карпош посочија дека се работи за потег што е најпогоден од агресивната и непланска урбанизација, а локалната самоуправа презема повеќе мерки да се подигне пристапноста и да се унапреди инфраструктурата и во овој дел од Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 14:48