Збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ („Faustus Runs the Plebeian Circle“) од Стефан Марковски е објавена на англиски јазик на сајтот Амазон, каде е достапна во „Киндл“ и печатена верзија во тврдо и меко издание.

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други.

Изданието на книгата, која вклучува шест приказни, како добитник на наградата „Книжевен круг за проза за 2020-та“, на македонски јазик беше објавена минатата година во издание на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“.

Ова е четврта книга од Марковски на англиски јазик достапна на е-платформите за продажба на книги, по романите „Анатомија на бумбарот“ и „Еретички писма“, како и поетскиот избор „Ветена земја“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 23:56