Селекторот на македонската женска сениорска ракометна репрезентација Симе Симовски го објави денеска списокот ракометарки за претстојните бараж натпревари против Романија за пласман на Светско првенство 2021 во Шпанија.

Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт, на 17 април со почеток во 17 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21 април од 17 часот во СЦ Јане Сандански во Скопје.

На собирот, закажан за идниот понеделник во Скопје, повикани се Матеја Серафимова, Јована Мицевска, Марија Јовановска, Сара Ристовска, Елена Ливриниќ, Сања Дабевска, Ангела Јанкуловска, Милица Николиќ, Андреа Седлоска, Симона Стојковска, Александра Боризовска, Моника Јанеска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓијевска, Јована Кипријановска, Тамара Ивановска, Ивана Џатевска и Ивана Гакидова.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2021 21:04