Прекинато водоснабдување денеска имаат корисниците од дел од Визбегово и од населбата Маџари.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација”, причината за прекинот на водоснабдувањето кај Визбегово од 09:00 часот е уличниот дефект на Качанички Пат.
Поради дефект на улицата „Карл Хрон” бр.23 , од 09:30 часот прекинато водоснабдување има дел од „Карл Хрон”, „Анри Барбис” и „Карл Либкнехт”.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од до завршување со активностите.