Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на населба Лисиче изречени се вкупно 69 мерки, меѓу кои за некористење сигурносен појас 15, пет санкции за возење без возачка дозвола и 11 за користење мобилен телефон. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 11:39