Наставниците од основните училишта во Општина Аеродром масовно се одзиваат на вакцинацијата против Ковид-19, која се спроведува во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“, информираат од општина Аеродром.

Оттаму соопштуваат дека оваа фаза од вакцинацијата ги опфаќа наставниците од прво до трето одделение, кои веќе извесен период спроведуваат настава со физичко присуство и вршат воспитно-образовна дејност во исклучителни услови, а во наредниот период ќе бидат вакцинирани и наставниците што спроведуваат онлајн-настава, како и техничкиот персонал на училиштата.

-Многу сум задоволен што наставниците се одзиваат во голем број и со тоа покажуваат грижа не само за своето здравје туку и за здравјето на учениците и на нивните семејства. Им благодарам за одговорноста и за грижата за новите генерации, порача градоначалникот Златко Марин.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 14:05