Американскиот поп-рок бенд „Твенти уан пајлотс“ (Twenty One Pilots) се враќа со шестиот свој студиски албум, насловен „Scaled аnd Icy“, а најавија и сингл и стрим-настап во живо.

Албумот ќе биде објавен на 21 мај преку „Fueled By Ramen“. Приказната, наводно, се врти околу темите на „вознемиреност, осаменост, досада и сомнеж“, при што новите песни на дуото очигледно туркаат „напред низ назадувањата“ за „да се фокусираат на можностите што треба да се запомнат“.

Според многумина, „Shy Away“ звучи како соодветно враќање на голема врата за дуото од Колумбос, Охајо, САД.

Претплатите за претставувањето во живо, се веќе во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 15:35