Деветнаесет лица се осудени на смрт во Мјанмар за убиство на помошник на капетан, јави синоќа воената телевизија Мјавади. Тоа се првите такви пресуди објавени јавно по пучот од 1 февруари и репресиите врз демонстрантите.

Во соопштение се вели дека убиството се случило на 27 март во северната област Окалапа во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Воена област е прогласена воена област, дозволувајќи им на воените судови да изрекуваат казни.

Војниците пукаа врз демонстрантите во градот Баго, во близина на Јангон, вчера, соопштија очевидци и новинари при што се убиени најмалку 10 лица.

Повеќе од 600 луѓе беа убиени од безбедносните сили, а повеќе од 3.000 други се приведени. Многу од жртвите се деца. И покрај репресиите, протестите продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2021 12:10