Пробиштип во текот на летните месеци се очекува да го отвори Домот за стари лица, во којшто можат да се сместат 54 станари.

Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов вели дека изминатите месеци завршена е новата водоводна и канализациска мрежа, поставена e и нова електрична инсталација.

Домот за стари лица е сместен во зградата на Здравствениот дом, кој со години не се користи, и на овој дел од објектот комплетно е сменета покривната конструкција.

-Во моментов се лепат плочки во просториите и се работи на фасадата, која ќе биде енергетски ефиксна, по што ќе следи и фазата на внатрешно уредување и опремување на Домот за стари лица, вели Анастасов.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2021 14:36