Викендов се одиграа двете последни кола од регуларниот дел од македонското пинг-понгарско првенство по кои повеќекратниот шампион Работнички го загуби местото во Супер лигата.

Од лигата покрај Работнички испаѓаат и екипите на Телеком НЕЦ и Струга.

Екипата на Радовиш шансата за опстанок ќе ја бара во бараж натпреварот со екипата на Рисови, кои беа второпласирани во првата лига.

Место во плеј оф натпреварите обезбедија екипите на Младост 96, екипа која во регуларниот дел на првенството заврши со 18 победи од исто толку натпревари, Младост, Шампион Фа и Телеком НЕЦ 2, екипа која во пролетниот дел на сезоната забележа само еден пораз од првопласираната екипа на Младост 96.

Полуфиналните плеј оф парови ги сочинуваат, Младост 96 – Телеком Нец 2, и Младост – Шампион ФА. Екипите на Младсот 96 и младост стартуваат со предност од 1:0 бидејќи имаат по две победи над своите ривали во регуларниот дел од првенството.

Резултати 17.коло: Вардар – Работнички 4:2 Струга – Телеком Нец 3:4 Младост – Шампион ФА 4:3 Радовиш – Телеком Нец 2 1:4 Крива Паланка 2007 – Младост 96 1:4.

Резултати 18.коло: Работнички – Крива Паланка 2007 0:4 Младост 96 – Радовиш 4:0 Телеком Нец 2 – Младост 4:1 Шампион ФА – Струга 4:0 Телеком Нец – Вардар 2:4.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2021 16:42