На 18.04.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), двајцата од Штип, затоа што околу 23.35 часот на ул.„Борис Крајгер“ во Штип биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од градежен објект.

Од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице. По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2021 15:30