Демант од компанијата „Армор Плус“ кој интегрално ви го пренесуваме во продолжение.
Во врска со информациите изречени, јавно презентирани и пренесени за нашата компанија APMOP ПЛУС доо Скопје, користиме прилика, пред цела јавност на Република Северна Македонија да појасниме неколку моменти кои случајно или намерно не беа вистинито или во целост пренесени и презентирани:
Компанијата APMOP ПЛУС доо Скопје е регистрирана во Р. С. Македонија и обавува дејност од 2002 година првобитно регистрирана под називот Хорват ДОО — Скопје, за да сметано од 25.12.2017 година се ребрендира и доби нов назив под кој денес Армор плус ДОО ја обавува својата дејност. Во целиот тој период на своето постоење и деловно работење, компанијата бележи континуиран раст во нормални граници од 10- 15% во просек, кој раст е лесно проверлив и во континуитет не само помеѓу 2017 година туку сметано од денот на основање 2002 година и не се должи само на учество во јавни набавки.
Компанијата, од своето формирање, па се до денес, е со доминантен сопственик со потекло од Република Хрватска, односно, компанијата Пастор TBA од Република Хрватска, која поседува 70% од сопственоста на Армор Плус доо , со право на одлучување. Пастор TBA – Загреб е реномиран производител кој активно постои на пазарите во Европа и светот повеќе од 90 години. Во структурата на компанијата има вкупно 3 сопственици, информации јавно достапни во Централен Регистар на Р. С. Македонија.
– Компанијата APMOP ПЛУС доо Скопје е застапник за повеќе реномирани светски брендови за територија на нашата држава, за некои од нив и за Југоисточна Европа. Податоци јавно достапни и видливи на веб страната на компанијата.
– Компанијата има склучени договори со крајни мали и големи корисници, со дистрибутери, добавувачи, со кооперанти кои произведуваат артикли за наши потреби и работи извоз.
Компанијата APMOP ПЛУС доо Скопје во текот на своето постоење, редовно ги плаќа сите свои обврски кон државата, работи професионално, одговорно и согласно сите законски прописи, работи јавно и транспарентно.
Работењето на компанијата по основ на јавни набавки, како сегмент од целокупната работа, е во многу подолг период од периодот прикажан во медиумите, без оглед на политичката структура на државата и истото е јавно достапно со комплетна документација на Бирото за јавни набавки во кое доколку се пребара по единствениот матичен број на субјектот ќе се дојде до информација дека пред 25.12.2017 година Армор плус ДОО евидентира како носител на јавни набавки под називот Хорват ДОО.
Сите податоци и финансиски извештаи за работењето на компанијата се јавно достапни во соодветните институции надлежни за работењето на правни лица во Р. С. Македонија.
Наводите изнесени во медиумите, поврзани со тендерски постапки, и презентираната сопственост на компанијата не со соодветствуваат со реалната ситуација, селективно се пренесени и на таков начин го рушат реномето и имиџот на компанијата.
Компанијата APMOP ПЛУС доо Скопје е компанија која не се занимава со политика и дневнополитички надмудрувања пoмeѓy политичките субјекти и нема да дозволиме да нашата компанија биде предмет за злоупотреба, а за остварување на политички цели на било кој политички субјект од сите релевантни институции очекуваме создавање на нормални услови за странските компании на територија на Република Северна Македонија рамноправно да имаат можност да конкурираат со понуда на пазарот и доколку ги задоволуваат критериумите и ги исполнуваат законските услови, да им биде овозможено непречено функционирање.
Очекуваме , сите кои ја пласираа веста таква каква што беше презентирана, јавно да се извинат и на компанијата и на медиумската јавност, а овој Наш демант да биде изворно објавен. Во спротивно, ќе бидеме приморани да превземеме законски дејства.