Ракометната федерација на Македонија денес соопшти дека ја прекинува соработката со селекторот на женскиот национален тим Симе Симовски.

– Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Симе Симовски, на 22 април 2021 г., заемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции. Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година, стои во соопштението на РФМ.

Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата селектор на женските национални селекции.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2021 15:33