Средното училиште „Михајло Пупин“ денеска со неколку компании ќе потпише договор за соработка во дуално образование.
На потпишувањето на договорот во просториите на училиштето, покрај директорот Димитар Ѓорѓиев, ќе учествуваат и министерката за образование и наука, Мила Царовска, како и генералните директори на компаниите потписници на договорот: АД Електрани на Северна Македонија, Либерти АД Скопје, Раде Кончар Контактори и Релеи ДОО, Масак Солутион ДОО и ПримеПоинт ДОО Скопје.